Белградскиот писател Милован Витезовиќ е добитник на меѓународната награда за книжевен опус „Златен прстен“. Тој е автор на романите „Шапката на професорот Коста Вуиќ“, „Лаење на ѕвездите“, „Милена од Кнез Михајлова“, „Света љубов“, „Ајдук Вељко Петровиќ“, „Симфонијата Винавер“ и други, а награден е за богат, разновиден и содржаен опус на делата. Витезовиќ е претседател на Здружението на писателите на Србија.
Наградата „Златен прстен“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.