Нашиот најпознат афористичар и сатиричар, Миле Ѓорѓиоски денес ќе ја прими првата награда за афоризам доделена на Третиот фестивал за хумор и сатира „Раковица 2019“. Горѓиоски ја освои првата награда во конкуренција на голем број колеги од Балканот, кои за овој фестивал испратиле над 1.000 афоризми.

-Првата награда за афоризам „Раковица 2019“, е една од трите големи награди кои ги освоив последните неколку месеци, откако претходно во Белград ја освоив наградата Екселенција сатира „Радое Домановиќ“ и наградата на ИФАК во Струмица. Последната награда има голема вредност за мене, бидејќи е освоена во силна конкуренција на најпознатите афористичари од цел Балкан – рече Миле Ѓорѓиоски, кој најави и нови книги афоризми во текот на оваа календарска година. Инаку Ѓоргиоски е роден во Кичево пред 62 години, каде што го завршил и средното училиште. Денес живее и работи во Делчево.

З.А.