„Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески е тематската изложба на скулптури што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Пред љубителите на ументоста ќе бидат претставени десетина скулптури работени во мермер во период од неколку години. Изложбата е проект којшто е подржан од Министерството за култура.
-Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти, а од кои некаде во нашата потсвест ѕуни екот на каменот и ни пренесува пораки од дамнини. Солески на еден препознатлив, за него, начин, со совршено мазни линии во
скулптурата ги слеал размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно
пренесување низ просторот и времето. Да, велам и во времето бидејќи неговите
безвременски форми во било кој простор и во кое било време ќе го доловуваат звукот
на каменот. А пламенот? Да пламенот во уметниковата душа е оној што постојано не
тера да се нурнуваме кон непознатото и да создаваме за иднината – вели Никола
Јованоски за делата од најновата продукција на Емил Солески.
Солески завршил ФЛУ– Скопје, отсек вајарство. Досега освен во родниот Прилеп има реализирано самостојни изложби во Крушево и Куманово и групни во Скопје, Берат Албанија, Куманово, Струмица, а е автор на бистите на Народните херои во Могилата на непобедените и на скулптурите Пере Тошев и Пеце Атанасовски.
Ка.М.