„Македоника литера“ го објави романот „Досадников“ на украинската писателка и преведувачка Ана Багрјана, во превод од украински јазик на Ленче Тосева. Романот е добитник на специјалната награда на издавачите на меѓународниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и беше номиниран за наградата за книга на годината во Украина.
Раскажана е современа приказна за себебарањето во лавиринтот и хаосот на современиот начин на живеење. Главниот лик, Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинарство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот…
Ана Багрјана (1981, Фастив, Киевска област, Украина) е поетеса, прозаистка, драматург и преведувачка. Завршила украински jазик и литература во Киев. Авторка е на повеќе поетски книги, романите „Етимологиjа на крвта“ (2008), „Толку необична љубов“ (2010), „Досадников“ (2012), на книгата „Македонски раскази“ (2016) и др. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрjана во Украина, САД и во Македониjа.
Преведува од словенски jазици. Превела петнаесетина дела од македонски на украински јазик, а во украински книжевни весници, списаниjа и интернет-страници обjавила голем број преводи на песни, раскази и драми од македонски автори, како и статии за современата македонска книжевност. Составувачка и преведувачка е на „Антологиjата на современата поезиjа на Република Македониjа“ (2012) на украински jазик.