Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави објавувањето на романот „Стаклената река“ од бугарскиот писател Емил Андреев, добитник на наградата на читателите за роман на 2005 година и на наградата ВИК за најдобар роман на 2005 година. Преводот на македонски е на Душко Крстевски.
Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерството за култура.
Емил Андреев (1956) е бугарски писател. Завршува англиска филологија на Великотрновскиот универзитет, а подоцна специјализирал и новинарство. Работел како учител, новинар, преведувач и професор по англиски јазик на Богословскиот факултет при Софискиот универзитет. Преведуван е на англиски, полски, словачки, српски и македонски јазик.