Кафе-киното на „Скопско лето“, кое вчеравечер почна со филмот „Смртта на Сталин“, ќе продолжи до 21 јули со проекции од 21 часот во Сули ан – Факултет за ликовни уметности.
На програмата вечер е воената драма „Во четири ѕида“ во режија на Филип ван Лиу, копродукција на Франција, Белгија и Либан од 2017 година. Романтичниот трилер „Духовите на Исмаел“ на режисерот Арно Десплешин ќе биде прикажан утревечер, а в недела е францускиот крими-трилер „Заштитник“ во режија на Жан Франсоа-Рише.
Во понеделник, 16 јули, публиката на скопскиот фестивал ќе може да ја види унгарската драма „За телото и душата“ на Илдико Енједи, снимен минатата година.
Во наредните денови ќе бидат прикажани и: француската комедија „Откачени трудници“ на Ноеми Салио (17 јули); кинеската акциска авантура „С.М.А.Р.Т потера“ на Чарлс Мартин (18 јули); фантастичната мистерија „Телма“ копродукција на четири земји во режија на Жоаким Трир (19 јули); американско-јапонската романтична комедија „Париз може да почека“ на Елеонор Копола (20 јули) и комедијата „Тивок замок“ по сценарио и режија на Бруно Димон (21 јули).
Билетите се по цена од 100 денари и може да се купат на билетарницата на ФЛУ – Сули ан.