Откако Даниел Крег најави дека ја напушта популарната филмска франшиза за познатиот британски шпион, почнаа шпекулациите кој ќе биде неговиот наследник. „Крег ги испорача некои од најдобрите филмови во серијалот 007 и ќе биде тешко да се следи“, коментира британски „Би-би-си“. Тоа ќе биде исклучително важна одлука.
Огромен приход на киноблагајните зависи од изборот на вистинскиот актер за улогата.
– Новиот Бонд не е само костум на црвениот килим. Тој мора да биде филмска ѕвезда, амбасадор на серијалот и киното, медиумски дипломат, омилен син на британската култура. Тој мора да биде веднаш препознатлив во сите краеви на светот како Џејмс Бонд. Mора да има добар изглед, да го сака камерата и да доминира на филмски платна со големина на фудбалски терен – вели Марк О’Конел, автор на книгата „Фаќање куршуми: Мемоари на Бонд Фан“.
Меѓу кандидатите за новиот Бонд се споменуваат: Том Харди, Идрис Елба, Хенри Кавил, Џејмс Нортон, Реге Жан Пејџ, Сем Хуган, но засега нема фаворит.