Градот сам по себе претставува симболика, сплет на елементи на културата, архитектурата, уметноста, но и елементи што го формираат секојдневниот живот, видливи или невидливи значења што длабоко извираат од минатото, но и значења што упатуваат на сегашноста, дека конкретното место е сферата на нивната идентификација, значење и вредност, за оние што живеат тука или за некои други луѓе што некогаш на тоа место живееле, а симболот го потврдува тоа и упатува на минатите времиња и настани. Некои од нив останале само во сеќавањата, без видливи знаци во просторот, без материјални остатоци

Фељтон: Скопје – утопија, визија, реалност (12)

Само краток поглед врз некој дел од градот, било да е тоа улица или дел од неа, објект, споменик, градба од кој било вид, во себе навлекува некое значење што може да произлегува длабоко од минатото, може да упатува на нешто функционално и симболички безвредно, без некоја посебна вредност и значење или може да биде нешто секојдневно што одвреме-навреме пробудува некои неопределени асоцијации кај оние што живеат во непосредна близина.
Градот сам по себе претставува симболика, сплет на елементи на културата, архитектурата, уметноста, но и елементи што го формираат секојдневниот живот, видливи или невидливи значења што длабоко извираат од минатото, но и значења што упатуваат на сегашноста, дека конкретното место е сферата на нивната идентификација, значење и вредност, за оние што живеат тука или за некои други луѓе што некогаш на тоа место живееле, а симболот го потврдува тоа и упатува на минатите времиња и настани. Некои од нив останале само во сеќавањата, без видливи знаци во просторот, без материјални остатоци.
Во нашето согледување се ограничуваме на оние аспекти на урбаната симболика што се непосредно поврзани со секојдневието на човекот во смисла на неговата идентификација со местото на живеење, доживувањето и интеграција во рамките на соседството и, пошироко, населбата. Во литературата се познати сосема мал број истражувања на оваа тема, а за нашите градови речиси и да не постојат.
Градот е исполнет со најразлични симболи: симболи што потекнуваат од минатото, симболи што се препознатливи по пораките што се производ на актуелниот развој на градот и општеството, симболи со длабока политичка содржина, архитектонски творби изградени во најразлични стилови и време на градба, со еден збор, во градот не постои дел што не е преплавен со некакви значења, кои можат да имаат голема или да се без некоја посебна вредност, или како да не постојат.
Градот заслужува да биде анализиран од аспект на значењето што во себе го содржи симболот што се поврзува со една „најдлабока и најсуштествена позиција на човековото битисување“. Станува збор, како што со право констатира еден архитект, за оние „полиња“ и „точки“ на егзистенцијата „како што се љубовта, раѓањето, смртта, доброто и злото, духот, просторот и времето, свест за случајноста и нужноста, значи за дуалитетот на судбината“.

Основната функција на симболот во градот е да ја идентификува човековата припадност на едно место, или во рамките на групата, во културна или социјална смисла и конкретно да ги определи во континуитет на просторот и времето и да укаже на неговата вкоренетост во неговата национална и културна историја. Симболот може да има и вонвременска димензија, може само да укажува на нешто што е изгубено длабоко во минатото, својствено за културата на луѓето што одамна исчезнале, но останало врежано во сеќавањето на многу генерации. Градот ги складира симболичките вредности, го дефинира нивното значење во општата претстава за местото што со себе го носат неговите жители.
Симболот го дефинира местото на поединецот во просторот и идентитетот на човекот го бара во идентитетот на местото, кој не се базира само на апстрактната просторна структура, која на човекот му обезбедува физичка ориентација, туку врз конкретен квалитет на надворешниот свет што е втиснат во човекот преку неговите конкретни особини.
Просторот е разбран како систем од места, а местото е изразито конкретно по неговите квалитативни карактеристики, а и по тоа што поседува сопствен карактер што е втиснат и е актуелен предмет на човечката идентификација.
Кога говориме за тоа колку Скопје е препознатливо од страна на сопствените граг?ани е интересно прашање од аспект на идентитетот на градот. Едно истражување, пред десетина години, покажа интересни резултати, кои денес кога би било направено, барем што се однесува на центарот на градот сигурно дека нема да даде слични резултати, но во некои домени многу работи во тој контекст се променети, особено во централното подрачје на градот.

Прашањето за идентитетот на градот најдобро може да се прочита од централниот дел, во која живеат скопјани или градот како целина, не упатува на состојбата што говори за постоењето симболи, кои претставуваат репери за препознатливост на еден простор. Нормално е ако во населбата постои некој дел што се издвојува од другите по тоа што е уреден, постои една хармонија мег?у елементите, без разлика на нивната намена, потоа објекти што имаат симболичко значење (споменици на културата) тогаш местото лесно се меморира и препознава, тоа се претвора во знак на препознавање, со што се стекнува со идентитет и значење од кои извира и неговата привлечност за луг?ето.
Учеството на јавноста во процесите на одлучувањето е највидливо во контекст на децентрализација на власта и прераспределба на мок?та. Во сферата на урбанистичкото уредување на градот се согледува максималното користење на стручното знаење и иницијативи на локално ниво каде што се вклучени сите заинтересирани страни. Затоа и одлучувањето на локално ниво се смета за најчувствително за потребите на граг?аните, но и најрационално ги проектира јавниот интерес и јавното добро, кои се јасно препознатливи во интервенциите поврзани со промените во просторот.
Соработката со граг?аните, со невладиниот цивилен сектор води кон состојба на „добро управување“ кога полесно се препознаваат интересите на мнозинството и се реализира демократски пристап во донесувањето одлуки. Но често тоа е видливо во практиката каде што партиципацијата на невладиниот сектор служи само како параван во остварување на поединечните цели на мок?ните групи и поединци и запоставување и негирање на јавниот интерес. Процесот на планирање на просторот мора да се реализира преку партиципација на граг?аните, кои треба да бидат објективно информирани, и субјектите, кои ги носат плановите каде што јасно се наведени корисниците за тоа што се планира да се прави.

Во што е содржана целата на процесот на партиципативното дејствување? Прво, се зајакнува демократскиот легитимитет и се издига свеста на граг?аните за тоа што реално се планира да се прави; второ, се подига нивото на социјалната одговорност и чувството за социјална правда, изградбата на социјален капитал, солидарност и јакнење на капацитетот на локалната заедница; трето, се подобруваат квалитетот на јавните услуги и користењето на јавниот простор што одговара на реалните потреби на граг?аните и со тоа и на вредностите на локалната заедница; четврто, јакнат капацитетот и знаењето на поединците, но и на институциите како основа на идниот развој. Едноставно, низ процесите на социјализација и комуникација во планирање на просторот полесно се препознава заедничкиот интерес, но и интересот на поединечните и други актери, полесно се идентификуваат проблемите и се дефинираат целите.

Илија Ацески

(Продолжува)