КОЈ КРАДЕ ИСТОРИЈА (2)
Следејќи ја официјалната историографија и споредувајќи го тоа со она што го запишале античките и средновековните автори, излегува дека не само Македонците туку и нашиве соседи не си ги знаат корените. Ќе се обидам да презентирам некои збунувачки факти за нашиве соседи, кои ќе фрлат светло врз историските вистини што се премолчуваат, а откриваат кој краде историја
КОИ СЕ И ОД КАДЕ СЕ ДЕНЕШНИВЕ ГРЦИ?
Грција е држава од 1832 г. Никогаш пред тоа во историските извори не се спомнува Грција. Блаже Ристевски во една од своите книги објави документи во кои се гледа дека луѓето инволвирани во подготовките за ослободување на денешна Грција од османлиите упатиле писмо до европските владетели на самитот во Виена на почетокот на XIX век, во кое бараат помош за ослободување на новата држава Грција. Одговорот на европските владетели е дека не познаваат Грција и Грци. Но денес, благодарение на германско-нордиската историска школа и Дројзен, во сите светски енциклопедии ќе прочитате: античка Грција, антички грчка цивилизација, писменост, култура, митологија… Сето ова го прифаќа и нашата сервилна официјална историографија. Така е во новокомпонираните истории, но кај античките автори читаме нешто сосема друго. Ниту еден не спомнува Грција и Грци. Се споменуваат Атина, Теба, Коринт…, за кои не знам дали може да се наречат државни творби. Се споменуваат и Данајци, Еѓупјани, Аргејци, Ахајци, Хелени, Микенци, но никој од античките автори не ги забележал како Грци.
Најстари жители на Балканот се древните Пелазги (Беласти, Пеласги). Цел Балкан е Пелазгија, со која владее Пелазг, по кого и народот го носи името Пелазги. Потврда имаме кај Есхил во „Прибегарки“ 250-270; во Хомеровата „Илијада“ II -680+; кај Овејдиј Насон во „Метаморфози“ XII-5 и 18; кај Херодот низ целата „Историја“, а особено V-та книга; кај Јустин во „Филипова историја“ VII.1 и многу други. Пелазгите се опишани како луѓе со бел тен, руси коси и сини очи.
Први инородни доселеници на Балканот се Данајците и Еѓупјаните, дојдени од Египет, под водство на Данај и Египт, најверојатно во VIII век пр. н.е., затоа што нивното сметање на времето е од 776 г. пр. н.е. од првата олимпијада. Нивното доаѓање е забележано во трагедијата „Прибегарки“ од Есхил (525-456 г. пр. н.е.). Есхил вели: „Дојдоа во бела облека со црн тен, а по нив оди војска црномуреста“. Опишани се како куси, набиени, со гргурави коси и црно-модар тен. Забележувате дека првите дојденци (Данајци и Еѓупјани) антрополошки се разликуваат од домородните Пелазги. Се разликувале и по јазикот, културата и обичаите, затоа комуницирале меѓу себе со помош на преведувач.
Набргу по доаѓањето на Балканот, Данај ја презел власта од Пелазгите (очигледно насилно) и веднаш донел закон според кој оние што дотогаш се нарекувале Пелазги да се нарекуваат Данајци. Овој факт е забележан од Еврипид во неговата трагедија „Архелај“. Ова е првата озаконета асимилација или геноцид. Втората е во 1912/1913 г., кога по Балканските војни Грците првпат влегоа во Македонија. Тогаш повторно го сменија името, го забранија македонскиот јазик и ја сменија топонимијата. Име, јазик и топонимија на свој (еднороден) народ не се менува. Затоа јавно прашувам кој денес по ова може да тврди дека Античките Македонци биле Грци?
Но, за волја на вистината, мора да се каже дека денес во Грција мнозинското население се со бел тен. Тоа се нашите браќа од големиот род на Пелазгите од генот на Венетите во VI век, преименувани во Словени. Затоа таму преовладува венетската (словенската) топонимија, која мораа да ја менуваат. Ова се факти, а читателот нека цени кој краде.
КОИ СЕ ДЕНЕШНИТЕ БУГАРИ?
Бугарите, по она што сами го кажуваат, се татаромонголско племе-Бугари, дојдени во 680 г., под водство на ханот Аспарух од првата попатна станица Татаристан на Волга. Тие се вториот инороден етнос доселен на овие простори. Дојдени се како луѓе со жолт тен и коси очи. Ова значи дека и тие (како и Данајците) антрополошки се разликуваат од Македонците. Самите бугарски историчари велат дека кога дошле, Бугарите се измешале со староседелското словенско население и на новиот етнички супстрат го дале името Бугарија и Бугари, а го зеле јазикот од староседелците. Но не кажуваат кој јазик го зеле и од кое словенско племе. Сепак ние, но и светот, знаеме кои словенски јазици од Балканот се кодифицирани. Најблиски до нив се македонскиот и српскиот, но Бугарите не кажуваат кој од овие јазици го зеле.
Ова е голем апсурд. Самите Бугари го напуштиле својот мајчин јазик донесен од Азија и зборуваат неименуван словенски јазик од неименуван народ, а од нас бараат да признаеме дека сме Бугари со бугарски јазик. Тука е и вториот апсурд. Имено, ние никако не можеме да бидеме Бугари, од проста причина што во Македонија не живеат луѓе со жолт тен и коси очи. За волја на вистината, мора да се каже и тоа дека денес во Бугарија оние со жолт тен и коси очи се малцинство. Мнозинство се луѓе со бела антропологија. Тоа се асимилираните староседелци од големиот род на Пелазгите, од генот на Венетите во VI век преименувани во Словени и во чиј центар се Македонците.
И во овој случај фактите и вистината откриваат кој краде.
КОИ СЕ ДЕНЕШНИТЕ АЛБАНЦИ?
Албанците се држава и народ од 1913 г. Тие се третиот инороден етнички супстрат дојден на Балканот. Дел е дојден во XI век, а дел во XVII/XVIII век, но не како Албанци, туку како Тоски и Геги. Тие самите за себе велат дека се потомци на Илирите од големиот род на Пелазгите, но забораваат две работи:
Дека како Илири се декларираат и Хрватите, Црногорците, Босанците, Србите – јазично и културолошки сосема различни
Безмалку на целата територија преовладува венетска (словенска) топонимија
Најголем доказ се турските пописни тефтери и Херодот, кој во својата „Историја“ I-196 вели дека Илирите се Венети (Словени). Затоа сите оние што тврдат дека Албанците се потомци на Илирите треба да докажат кога го заборавиле илирскиот јазик. Повторно апсурд. Самите не знаат што се, а нас нѐ обвинуваат за македонизација (словенизација) на Албанците во Западна Македонија, наместо да објаснат каде исчезнаа староседелците Пелазги и како го заборавија мајчиниот јазик. Треба да се каже и тоа дека и во Албанија владеат малцинството новодојденци.
За да можат читателите да заклучат кој краде, ќе го изнесам случајот со таканаречениот Скендер-бег. Неговото изворно име е Ѓорѓија. Ова е општо познат факт. Крајно време е некој (пред сѐ нашиве „официјални“) да објасни кога Ѓорѓи стана Скендер, кога ја доби титулата бег и како е можно еден Скендер, уште и бег, да биде закопан во соборната црква „Св. Никола“ во Леска, денешен Леш. Она што не е спорно е дека Турците поради неговите воени вештини му го дале прекарот Втор Искендер (Втор Александар). Јавно прашувам дали со лингвистички сатар прекарот Искендер стана лично име Скендер?
КОИ СЕ ДЕНЕШНИТЕ СРБИ?
Не е спорно дека тие се од големиот род на Пелазгите или, со други зборови, наши генетски браќа. Но и тие ја обвинуваат Македонија за крадење историја и црква. За црквата во посебно поглавје, а за тоа кој краде, еве неколку неоспорни факти што читателот ќе ги цени:
Србите немаат држава во антиката
Ги нема во Библијата
Во средниот век имаа државни творби, но тоа беа Рашка и Зета
Душановото Царство, според документите што ги откри Чехот Јозеф Шафарик, а ги објави академикот на Српската кралска академија Љуба Стојановиќ, во 1905 г., во Белград, во книгата „Стари српски записи и натписи“, е македонско. Имено, цар Душан е крунисан во Скопје како македонски цар. Овој факт ќе мора да се дообјасни.
Што може да се заклучи од сето ова:
Сите на Балканов сме староседелци потомци на древните Пелазги и раскарани секој со секого
Сите имаме со што да се гордееме и немаме што да делиме
Крајно време е да се освестиме и да престанеме да работиме во полза на моќните воени профитери
Треба да сфатиме дека во ова зовриено буре барут, наречено Балкан, не иднината, на која погрешно нѐ упатува Западот, туку токму заедничкото пелазгиско минато може да нѐ спои. Но за тоа треба малку повеќе да поработиме, за некој трет со помош на Западот да не извлекува корист.
Љубе Христовски
(Дардан Венетски)
ПРОДОЛЖУВА…