Заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка со поддршка од Град Скопје е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните.
Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градски парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците бидејќи и тие се дел од семејството.