Полицијата во американската сојузна држава Мичиген спречи самоубиство од надвозник на автопатот 696, благодарение на солидарноста на локалните камионџии, кои се паркираа под надвозникот за да го ублажат падот.
Полицијата морала бргу да реагира откако добиле дојава дека човек стои на надвозникот и се заканува со самоубиство. Полицајците повикале група локални камионџии, кои се паркирале под надвозникот, со што значително ја намалиле височината од која би паднал човекот.
Планот вродил со плод, и набргу по постројувањето на камионите, човекот се предомислил и се симнал долу.