Детскиот сон со пронаоѓање на злато се исполни на еден брачна двојка од Њујорк, кој во својот двор од куќата пронајде метален сеф полн со злато, дијаманти и пари, пишува Њујорк Пост.
Се испоставило дека токму тој сеф вреден 52 илјади долари, кој го пронашле закопан припаѓал на нивниот сосед, кој бил ограбен пред седум години.
Богатството во дворот на Метју и Марија Емануел го пронашле кога изнајмиле работник кој требало да посади дрво.
-Не сфативме за што станува збор, мислевме дека е некоја жици од електричната енергија- објаснил Матју.
Работниците ја извадиле кутија, а внатре се пронајдени златни прстени, меѓу кои и веренички прстен, банкноти од 100 долари и полу-скапоцен камен.
-Беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адреса на нашите соседи. Тропнав на нивната врата и прашав дали некој ги ограбил, а тие одговорија потврдно. Дамата беше во шок- откривајќи и на полицијата дека по грабежот мислела дека никогаш повеќе нема да ги види своите работи.
Грабежот се случил во 2011 година, а соседите на кои им е вратен накитот не сакале да го откријат својот идентитет.