Додека албанските граѓани се шокирани од серијата земјотреси што ја погодија земјата утрово, од кои некои беа разорни, Аника Докле, гинеколог на Универзитетската клиника за акушерство и гинекологија во Тирана, објави дека близнаците се родени 20 минути по земјотресот.
Unë dhe shokët e mi edhe këtë herë në maternitet. Këta bebusha binjakë lindën 20 minuta pas tërmetit. Kjo është simbolika më e mirë e vijimësisë së jetës. Nuk kam më fjalë! ❤❤
Posted by Anika N. Dokle on Понеделник, 25 ноември 2019
– Јас и моите пријатели овојпат повторно сме во породилното одделение. Овие близначки се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобриот симбол за континуитетот на животот. Немам зборови – напиша Докле на својот фејсбук-профил.