ВМРО – ДПМНЕ вечерва слави победа во Росоман и Демир Капија.
– Победа, напиша на Фејсбук новоизбраниот градоначалник на Росоман од редовите на оваа партија, Ѓорѓи Крстевски.
Според податоците од ДИК, во Општина Росоман од 100 отсто обработени податоци, за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стојан Николов гласале 1.231 избирач.
Честитки за него и за новоизбраната градоначалничка на Демир Капија од оваа партија, Наталија Димитриева, се споделуваат на социјалните мрежи.
Според податоците од ДИК, во Општина Демир Капија од 100 отсто обработени податоци, за Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.222 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Лазар Петров гласале 1.152 избирачи.































