Општина Прилеп започна со реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м² – последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, како и поставување нова урбана опрема.Ова денес го посочи градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, велејќи дека уредувањето на просторот треба да заврши за пет месеци.
Фото Ка.М.
Фото Ка.М.
-Средствата за реконструкција, во висина од 16.356.730 денари се обезбедени преку вториот јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Македонија. Со повеќе од 20 нови клупи, ново зеленило, корпи за отпадоци, декоративни елементи и уредување на постојните парковски делови, овој простор ќе добие целосно нов лик, функционален, уреден и естетски и привлечен. Создаваме пријатно и безбедно место за пешачење, дружење и секојдневен живот на прилепчани, но и достојна слика за сите посетители на нашиот град – рече градоначалникот Проданоски.
Според него, Прилеп заслужува уреден центар, а тоа општината ќе го реализира чекор по чекор.