Почина македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков (1946-2025), соопшти денеска Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
– Изразуваме длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија- се наведува во соопштението од ДФРМ.
Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови.