Фото: Општина Кавадарци

Како круна на бројните културни настани што се реализираа во рамките на празнувањето на заштитникот на лозарите Св. Трифун синоќа во музеј-галеријата во Кавадарци беше отворена ликовната изложба под наслов „Боите на Св. Трифун низ делата на ликовните уметници од Мкедонија 2026“. Ова трето издание на изложбата „Боите на Св. Трифун“ што се одржува во годината кога музејот го одбележува големиот јубилеј 50- години од своето постоење според бројот на бројната публика синоќа уште еднаш потврди колку овој културен настан ја афирмира врската меѓу духовното наследство на лозарството и современата уметничка мисла. Изложбата на
едно место синоќа обедини дури 35 уметници кои се претставија со по две дела претставувајќи репрезентативен пресек на современите ликовни изрази и авторски сензибилитет на автори од различни генерации.

-Делата изложени во оваа поставка ја пренесуваат симболиката на Св, Трифун како
заштитник на лозјата, но и како инспиративен мотив што ги обединува уметниците во заеднички визуелен и културен израз.. Низ овие три изданија „Боите на Св. Трифун“ постепено се етаблира како препознатлива традиција во културниот живот на Кавадарци и пошироко. Посебна симболика добива и факторт што се одржува во 2026 гдина кога Музејот го одбележува значајниот јубилеј 50-години од постоењето што означува половина век континуирана грижа за културното наследство, уметноста и музејската дејност. Посебна благодарност упатувам до уметниците учесници на изложбата затоа што секој од нив остава по едно свое дело во збирката на музеј-галеријата со што трајно се се збогатува музејскиот фонд и се создава вредно културно наследство за идните генерации- изјави директорот на музејот Јаким Зимоски.

За историчарот на уметноста од музеј галеријата Трајче Цветков оваа групна изложба не нуди единствен или формален именител, туку артикулира полифонија на визуелни јазици преку кои современиот уметник го испитува односот помеѓу субјектот, просторот и егзистенционалното присуство. Различните техники, матријали и уметнички пристап не функционираат како еклектичен збир туку како свесна структура на разлики, каде секое дело е автономен исказ но и дел од поширока концептуална рамка. Во овој поширок контекст се вклучени и скулптурални
дела изработени од дрво и метал, кои го прошируваат визуелниот јазик на изложбата во тродимензионалниот простор.

Она што ги поврзува сите овие дела и покрај нивната стилска и техничка различност е
одбивањето на декоративност и инсистирање сликата да биде мисловен простор.  Секое дело функционира како визуелен есеј – како поле на истражување а не како финален одговор. Преку меѓусебните односи и тензии меѓу делата, таа го отвора прашањето за начинот на кој денес ги гледаме читаме и ги разбираме визуелните форми – рече Трајче Цветков на отворањето на изложбата. М.М.

Фото: Општина Кавадарци
Фото: Општина Кавадарци
Фото: Општина Кавадарци
Фото: Општина Кавадарци
Фото: Општина Кавадарци
Фото: Општина Кавадарци

Фото:Општина Кавадарци