Во акцијата на полициски службеници од Битола, синоќа пронајдоа дрога во
угостителски објект, а во друг угостителски објект во координација со овластени лица од други јавни институции, откриено е присуство на лица без сертификати, велат во СВР Битола.

Во соопштението на СВР Битола се вели дека синоќа од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул. Широк сокак во Битола и еден  лоциран на ул. Партизанска во Битола.

– При контролата, во објектот на Широк сокак пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за
утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица заради неовластено
производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци. Од Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци – информираат од СВР-Битола.

Во соопштението се нагласува дека во објектот на улицата „Партизанска“ констатирани се прекршоци, карање, викање и дрско однесување и нарушување на јавен ред во пијана состојба. Лишено од слобода е едно лице заради спречување на службенолице при вршење на должност, а од Државен пазарен и инспекторат констатирано еприсуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.

М.М.