Гувернерот на сојузната држава Џорџија, Брајан Кемп, синоќа потпиша закон за забрана на абортус доколку бременоста е повеќе од шест недели. Досега во оваа држава беше забрането да се прави абортус на повеќе од 20 недели бременост.
Според познавачите, ова е еден од најстрогите закони за забрана на абортус во САД и се очекува да биде оспорен од многу општествени организации и групи.
Строги закони против абортус има во уште неколку сојузни држави како Кентаки, Мисисипи, Охајо и Ајова. Но некои одредби во законот усвоен во Џорџија, кој стапува во сила на 1 јануари 2020 година, се престроги за разлика од сличните во други сојузни држави.
Според законот, оние жени во Џорџија кои ќе одлучат да направат абортус по шестата недела бременост, користејќи специјални медицински препарати или докторски услуги, се ставени на исто ниво како осудените убијци и ќе бидат соочени со казна од доживотен затвор, па дури и смртна казна.