Додека САД ги евакуираат своите државјани надвор од кинеските градови најтешко погодени од вирусната епидемија, многумина како Даг Перез се одлучуваат да останат.
Не е дека тој не е загрижен. Перез и неговата девојка со денови само лежеле во нивниот стан, се расправале и се жалеле поради пропуштената испорака на храна. Го крстиле својот лабрадор, Чаби, „куче на апокалипсата“ и излегувале на кратки прошетки по напуштените улици, само откако набавиле маска за него.
Перез не заминал бидејќи неговата девојка, која е Кинеска, не можела да оди заедно со него.
– Тука се заглавени многу странци. На светот нема многумина луѓе, меѓу кои сум и јас, кои би ги оставиме своите најблиски – рече 28-годишниот Перез, роден во Сан Франциско.
Додека Кина воведува мерки за задржување, без преседан во поновата историја, со кои се опфатени 50 милиони луѓе во 17 градови, странците се заробени и се во карантинските зони.
Чартер летот што евакуираше дури 240 Американци, вклучувајќи дипломати и нивните семејства, го напушти Вухан денес, во раните утрински часови, упатувајќи се кон Алјаска за полнење гориво, за да го продолжи летот кон Калифорнија.
Американците во Вухан проценуваат дека има повеќе од илјада американски државјани останати во градот, што значи дека повеќето од нив нема да го напуштат Вухан.
Друга Американка, кој одбила да биде идентификувана од страв, да не биде вознемирувана на социјалните мрежи и од владата, рече дека избрала да остане бидејќи има кашлица, по што и било кажано дека најверојатно ќе биде задржана во карантин на аеродромот во Вухан, од страна на кинеските власти.
Но, за Присила Дикеј (35) од Јужен Бурлингтон, Вермонт, обидот да се качи во авионот бил безуспешен, поради нејзината 8-годишна ќерка Хермиона, за која се грижи дека може да биде подложна на вирусот. Завчера, од конзулатот и ја информирале дека за неа и нејзината ќерка имаат места во авионот.
Откако спакува торба со три кошули и пар панталони, Дикеј остана будна до два часот наутро, обидувајќи се да најде начин како да стигне на аеродромот среде комплетен прекин на транспортот. Таа го расчистила станот утрото, пред да влезе во аеродромското возило.
– Чувствував вина. Возбуда, вина, стрес. Од се по малку – рече Дикеј, зборувајќи по телефон на пат кон аеродромот.
Дикеј планира да остане со роднините во Синсинати по карантинот што ќе трае од три до 14 дена, додавајќи дека е „многу благодарна“ што си заминува.
Јапонија, Јужна Кореја, Франција и други држави исто така планираат евакуации. Но, за многумина од други земји, воопшто нема планови за евакуација, оставајќи ги нивните граѓани да бидат буквално заробени.