Претседателот на Европскиот совет објаснува како лидерите на ЕУ постигнале согласност за пакетот од 1,82 трилиони евра
Седејќи на терасата каде што договорот беше постигнат, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел призна дека немал план Б доколку лидерите не успеале да дојдат до согласност за буџетот на ЕУ во разговорот за „Политико“.
– Знаев дека не беше можно да се одлучи за толку тешка тема за ден или два, па иако беше шега, им кажав дека ја познавам белгиската премиерка и дека ќе ја замолам да ги затвори сите белгиски аеродроми колку додека не донесеме договор – кажа Мишел.
Можеби се работеше за шега, но пораката беше јасна – никој не си заминува.
Четири дена и четири ноќи Мишел ги одржуваше разговорите, дури и кога учесниците гневно се критикуваа меѓусебе. Во вторникот тие постигнаа договор за историскиот пакет од 1,82 трилиони евра, вклучувајќи и фонд за справувањесо економската криза предизвикана од коронавирусот и седумгодишен буџет, за време на еден од најдолгите самити во историјата на ЕУ.
Во колкава мера договорот може да биде припишан на преговарачките способности на Мишел останува прашање. Но заканите не беа единственото оружје во неговиот арсенал.
Во обид да ги разреши главните пречки на патот кон договорот, Мишел одржа повеќе состаноци со мали групи на лидери на терастата од зградата на Европскиот совет, кои светот можеше да ги види преку фотографиите објавени на Твитер. Тоа значеше дека лидерите чекаа наоколу со саати, при што се јавуваше фрустрација.
Упатените во разговорите велат дека Мишел во значителна мера сметал на поддршката од францускиот претседател Емануела Макрон и од германската канцеларка Ангела Меркел кои биле на негова страна за време на состаноците. Но, на крајот тој посредуваше при договорот кој создаде фонд за закрепнување од кризата вреден 750 милијарди евра.
Тој во интервју за „Политико“ опиша како се справил со 27-те лидери чии желби морал да ги предвиди и чии барања требало да ги удоволи за да го осигури едногласниот договор.
Тој се состануваше со нив во групи, наутро и навечер, функционирајќи главно на „погон“ на „Кока-кола зиро“. За потоа да се сретне со сите нив на тркалезната маса и на заедничките оброци.
Мишел истакна дека внимателно проценувал кога било потребно да изнесе нови предлози во пишана форма, а кога да претстави идеи во дискусијата, според потребата. Тој додава оти се обидувал да наметне цврста дисциплина за да ги одржи големите пленарни дискусии фокусирани на три главни прашања – обемот на фондот за закрепнување и спојот на грантови наспроти заеми и механизмот за надгледување. Но и со цел како и да ја оттргне дискусијата од контроверзната тема на владеењето на правото.
Во неколку наврати дошло до застој и се чинело дека разговорите се пред колапс.
Мишел признава дека преговорите биле најтешки со холандскиот премиер Марк Руте, кој веројатно е неговиот најблизок пријател на Мишел.
– Во голема мера ја користев техниката на тет-а-тет, за да погледам во срцето, во очите и да стекнам увид каде навистина се наоѓаат црвените линии – објаснува Мишел, кој уште се соочува со критики за неговиот пристап.
Претседателот на Европскиот совет го истакнува и влијанието од местото каде што се воделе разговорите – терасата. Според него, можеби како среќна се покажала набавката на новата маса, која била доставена недела-две пред самитот.
– Толку бев среќен што ја користев терасата. Не велам дека без неа ќе претрпевме неуспех, но таа беше дел од атмосферата.
Мишел додава дека спиел нешто повеќе од еден час секоја ноќ за време на самитот, но дека договорот што бил постигнат е клучен момент во приказната на европската интеграција.