Кога Џин Сурон Матерс починала оваа година, полицијата во американската сојузна држава Јута го пронашла телото на нејзиниот сопруг Пол во замрзнувачот во нивната семејна куќа. Покрај него пронашле и изјава заверена на нотар, односно документ во кој стои дека сопругата не е одговорна за неговата смрт, јави Си-ен-ен.
Истражителите објавија дека веруваат оти Пол Матерс починал пред десет години и дека истражуваат можноста дали неговата сопруга по неговата смрт продолжила да ја прима бранителската пензија.
Наредникот Џереми Хансен рекол дека истражителите во моментот чекаат финансиска документација, во рамки на истрагата.
Се претпоставува дека Пол починал помеѓу 4 февруари и 8 март 2009 година, како и дека боледувал од терминална болест. Пред да умре, напишал изјава дека сопругата не е одговорна за неговата смрт и ја заверил на нотар во декември 2008 година.
Џин Сурон Матерс починала на 75 години поради, како што се наведува, природна смрт.