Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, нареди видливо присуство на безбедносните сили во центрите на градот и предградијата од 20 часот, кога почнува полицискиот час.
Францускиот министер за полиција испрати известување до сите регионални претставници за „вонредната“ мобилизација на 100.000 полицајци, кои ќе проверуваат дали има забави и прослави во градовите за новогодишната ноќ.
На полициските службеници ќе им биде наредено да ги запрат забавите веднаш штом некој ги пријави, да ги казни присутните и да ги идентификува организаторите.
Франција досега двапати воведе национален карантин, а баровите, рестораните и туристичките атракции ќе бидат затворени до јануари.