Франција денеска соопшти дека вовела санкции за 18 саудиски државјани, осомничени за поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Санкциите подразбираат и забрана за патување, а официјален Париз соопшти дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки доколку биде потребно.
-Убиството на господинот Кашоги е кривично дело со екстремна тежина, кое дополнително ја крши слободата на медиумите и фундаменталните права, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
Франција бара во целост да се разјасни на кој начин било извршено убиството и, како што наведува во соопштението, од саудиските власти очекува транспарентен, детален и опширен одговор.