Канадскиот премиер, Џастин Трудо, денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен како Аладин, а лицето му е обоено во црна боја, но после тоа е откриено дека тој како црнец се маскирал уште во најмалку два наврати.
Трудо веќе се извини за првиот откриен случај на т.н. „блекфејс“, кој припадниците на црната раса го сметаат за навреда.
Фотографијата од 29-годишниот Трудо со лице затемнето со шминка, се смета за голем предизвик за лидерот, кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесе „Ројтерс“.