Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе потпише указ за ставање крај на практиката на одвојување на децата-мигранти од нивните родители, кои илегално влегле во САД.
Засега не е јасно што точно ќе потпише Трамп, кој претходно за одвојувањето на децата од нивните родители, ги обвини демократите.
Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, Трамп изрази надеж дека неговата мерка ќе биде следена со законот во Конгресот на САД.
Претставничкиот дом утре треба да гласа за два предлог- закони во насока на спречување на практиката за раздвојување на семејствата и за решавање на други имигрантски прашања, но републиканците велат дека не се сигурни дали мерките ќе имаат доволно поддршка за да бидат донесени.
„Фокс њуз” денеска јави дека администрација на Трамп ја разгледува извршната наредба, со која на имигрантските семејства кои илегално ја преминуваат границата, ќе им се овозможи да останат заедно подолго отколку што во моментов е дозволено.
Трамп се залага за спречување на илегалната имиграција и ги бранеше акциите на неговата администрација.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 20, 2018