Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Перу и Колумбија. Тој останува во САД за да го контролира американскиот одговорот за Сирија, соопшти денеска Белата куќа.
– На негово место, американскиот потпретседател Мајк Пенс ќе присуствува на осмиот Самит на Америка во Лима, Перу, а потоа ќе отпатува за Богота, Колумбија, истакна портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.
Таа нагласи дека Трамп „ќе остане во САД за да го надгледува американскиот одговор за Сирија и да ги следи случувањата низ целиот свет“.