Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека најверојатно нема да има средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз оваа недела за време на одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.
– Не сум сигурен дека ќе се сретнеме во Париз. Веројатно нема – изјави Трамп.
Тој прецизира дека ќе има средба со Путин на форумот на лидери на Г-20 во Аргентина во крајот на ноември.
Трамп најави и номинација на нов американски претставник во ОН до крајот на неделата.