Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ЕУ ќе се соочи со последици, кои ќе бидат особено „економски тешки“, доколку Брисел не започне трговски преговори со САД.
Изјавата на Трамп уследи откако Европскиот парламент се изјасни против започнување трговски преговори меѓу ЕУ и САД.
– ЕУ не третира многу, многу, многу нечесно. Ако тие не преговараат со нас, ние ќе направиме нешто, што ќе биде особено економски тешко за нив. Ќе воведеме царини на голем број нивни стоки, изјави Трамп.
Според него, по ваквите американски мерки, Европејците „веројатно ќе се свестат и ќе преговараат“ со САД.
Доколку Трамп реши да ги реализира своите закани за воведување на царини на увозот на автомобили произведени во ЕУ, со тоа ќе и нанесе тежок удар на европската автомобилска индустрија, а пред се на германската.