Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на јужниот брег на Англија за да им се приклучи на светските лидери во одбележувањето на 75-годишнината на Денот Д, ден на кој обединетите сили САД и Британија помогнаа во ослободувањето на Европа од страна на нацистичка Германија, пренесува „Њујорк пост“.
За време на посетата, Трамп се приклучи на кралицата Елизабета Втора, премиерката Тереза Меј и неколку стотици ветерани од Втората светска војна во поморската база Портсмут, појдовна точка за силите што се истовариле на плажите на Нормандија во Франција.
Ова е еден од двата настани на кои се одбележува 75-годишнината од Денот Д, ден кога силите на Алијансата ја покренаа инвазијата што ја ослободи Европа од нацистичка Германија. На настанот Трамп ќе чита извадок од молитвата на американскиот претседател Франклин Рузвелт што се емитувала на радио на 6-ти јуни, 1944 година, пренесуваат од Белата куќа.
Трамп за време на комеморацијата беше дел од поздравувањето на ветераните од Втората светска војна и рече дека е благодарен за топлото добредојде од страна на британското кралско семејство и министерката Меј. Тој нагласи дека повеќе од 1,5 милиони американци биле стационирани во Англија во подготовка на инвазијата.
-Овде сме за да се потсетиме и да им се заблагодариме на хероите кои ги положија своите животи во одбрана на цивилизацијата. Братството исковано и запечатено со крв на плажите на Нормандија ќе трае засекогаш – изјави Трамп.
Пред да замине на вечера со членови од британското кралско семејство во Американската амбасада, Трамп и неговата сопруга Меланија направија мала тура на просториите на Подземниот команден центар во кои оперирал Винстон Черчил за време на Втората светска војна.