Париз ги исфрли постарите возила од сообраќајот на еден ден бидејќи топлотниот бран го зголемува загадувањето на градот.
Регионалните власти проценуваат дека мерката што се воведе денес ќе влијае на речиси 60 отсто од возилата што циркулираат во парискиот регион, вклучувајќи и многу камиони за испорака и постари возила со повисоки емисии од поновите модели.
За прекршителите на забраната е предвидена парична казна, објави „АП“.
Во Франција, некои училишта се затворени поради високите температури, кои се очекува да се искачат на 39 Целзиусови степени во областа на Париз оваа недела. Таквите температури се ретки во Франција, каде што повеќето куќи и многу згради немаат клима уреди.
Француските добротворни организации и локалните власти оваа недела им даваат дополнителна помош на стари лица, бездомници и болни, потсетувајќи дека околу 15.000 луѓе, главно постари, починаа во Франција за време на топлиот бран во 2003 година.