Шеесет и шестгодишниот Касим Жомарт Токајев победи на предвремените претседателски избори во Казахстан, со 70,76 проценти од гласовите, соопшти Централната изборна комисија во земјата.
Агенцијата „Ројтерс“ наведе дека резултатот не е изненадувачки, со оглед на тоа што Токајев за свој наследник бил избран од досегашниот претседател, Нурсултан Назарбаев, кој неочекувано поднесе оставка во март.
Вчера, на денот на изборите се случуваа протести на кои беа упасени околу 500 лица. Опозицијата и демонстрантите тврдеа дека изборите се одвиваат нечесно и во недемократска атмосфера, а меѓу приведените имаше и неколкумина новинари и набљудувачи.