Талибанците продолжуваат да напредуваат во Авганистан и се приближуваат кон Кабул.
Многу земји ги евакуираат своите граѓани и дипломати од главниот град.
Првиот контингент американски маринци пристигна на аеродромот во Кабул за да се обезбеди евакуација. Кабул е еден од ретките градови кои се’ уште се во рацете на владините сили, откако талибанците го зазедоа Кандахар, вториот по големина град во земјата, пренесуваат светските агенции.
Единствениот излез од земјата може да биде преку аеродромот во Кабул.
Талибанците сега се 11 километри од главниот град, пренесуваат агенциите. Тие, исто така, ја преземале контролата над главните градови на провинциите Пактика и Кунар.