Припадниците на Синдикатот на учителите денеска одржа протест пред Министерството за образование во главниот град на Мароко, Рабат, а потоа се упатија кон кралската палата каде се судрија со полицијата.
Полицијата употребила сила и водени топови при што се повредени повеќе учители.
Повеќе илјади демонстранти од цело Мароко денеска протестираа во Рабар барајќи зголемување на платите и унапредување. За Синдикатот на учителите спорни се и привремените договори за работа, кои не пружаат здравствено осигурување и пензија.
– Ние дојдовнме мирно да прошетаме, но за жал, полицијата не нападна. Учителите паѓаа на земја. Учителите беа невредувани. Нашата порака е образованието. Престанете со неправдата – изјави еден од учителите на протестот.
Во исто време одржани се и демонстрации на кои се бараа демократски реформи и општествена правда.
Во Мароко се одржуваат околу 48 протести дневно, а редовно се протестира поради недостиг на вода, сексуално злоставување и полициско насилство.