Американска фондација поддржана од ЦИА е здружена со водачите на протестите во Хонгконг, пружајќи финансиска и стратешка помош, што според кинеските експерти претставува доказ за намерите на САД за „американизацијата“ која го загрозува Хонгконг, тврди весникот „Манила тајмс“.
Филипинскиот весник се повикува на извештај објавен во јапонскиот магазин „Сентаку“, во кој беше наведено како странските сили претставени од САД, наводно манипулираат со хаосот во Хонгконг.
Во извештајот се тврди дека демонстрантите во Хонгконг добиваат значителна финансиска помош од Националниот фонд за демократија (НЕД), непрофитната организација која се смета за „канал на ЦИА за ширење на мека моќ, кој имаше клучна улога во бројни американски операции за промена на режими“.
– Американските фондации како што е НЕД ја промовираат американизацијата низ светот. Ова е традиција на американската дипломатија. САД не се ни обидуваат да ја скријат нивната цел за промовирање на „американизираното“ управување кое е бесмилено и докажано како неуспешно – вели Ли Хајдонг од кинескиот универзитет за надворешна политика, додавајќи оти фондацијата спроведува трансформација во различни региони низ светот, всушност делувајќи од сенка како учесник во „шарените револуции“.
Интернет-страницата на НЕД покажува доделување на средства вредни стотици илјади долари на неколку организации во Хонгконг.
Директорот на универзитетот Ренмин од кинескиот центар за американски студии во Пекинг, Ши Јинхонг истакнува дека западните сили се директно вклучени во немирите во Хонгконг преку промоција на медиумите чија цел е наведување на протестите во посакуваната насока.