Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика сојузниците од алијансата да преземат одговорност и да ги надминат меѓусебните разлики за различни прашања бидејќи за колективната безбедност неопходно е единство.
Столтенберг подвлече дека сега многу се зборува за разликите меѓу сојузниците за прашања како трговијата, енергетиката, климата, Иран, како и за ситуацијата во североисточна Сирија.
Според него, сосема е нормално да има разлики во позициите на 29 демократски држави.
– И во минатото имавме сериозни разлики. На крајот секогаш успевавме да се обединиме околу нашата клучна задача да се браниме задно – изјави генералниот секретар на алијансата.