Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.
Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан. Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат нова средба на 29 октомри.
– Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на се опфатно решение – се наведува во соопштението од Минск групата.
Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.