Поранешниот нуркач на тајландската морнарица Саман Кунан (38) загина во акцијата за спасување во Тајланд, објави Би-би-си. Тој загубил свест при излегувањето од пештерата Там Луанг, каде што дотурал кислород на заробените 12 деца и нивниот фудбалски тренер.
– Неговата задача беше да однесе кислород, а тој самиот остана без кислород при излегувањето – кажа заменикот-гувернер на областа Чијанг Раи.
Кунан бил извлечен од неговиот партнер, кој се обидел да му пружи помош, но не успеал да го спаси.
Нивото на кислород во пештерата изнесува 15 проценти, што е помало од вообичаеното ниво од 21 процент, соопштија властите на прес-конференција.
Спасувачките тимови во понеделникот ги пронајдоа 12-те деца, на вораст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг. Во акцијата за нивно спасување учествуваат околу 1.000 војници и волонтери.