Рускиот хеликоптер Ми-24 бил соборен од пренослив систем за противвоздушна одбрана во близина на границата со Азербејџан, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Хеликоптерот се урнал во селото Ераш, близу границата со Азербејџан. Двајца членови на екипажот загинале, додека третиот е повреден и е пренесен во базата.
Министерството за одбрана објави дека командата на 102-та руска воена база во Ерменија спроведува истрага за тоа кој го соборил хеликоптерот.