Сириските сили ги собориле проектилите истрелани кон воздушната база Шајрат во покраината Хомс и врз уште една база североисточно од главниот град Дамаск, објави доцна во ноќта државната телевизија.
Телевизијата објави снимка од проектилот што беше погоден во воздух над базата, само неколку дена откако американските, британските и француските сили нападнаа цели во Сирија во знак на одмазда заради наводниот хемиски напад во Дума.
Нема информации кој би можел да ги истрела ракетите, а Пентагон објави дека во таа зона немало американски воени активности.