Во Санкт Петербург одржана е воена парада по повод 75-годишнината од падот на нацистичката опсада во Втората светска војна на тогашниот Ленинград.
Над 2.500 војници, припадници на безбедносните сили и 80 специјани оружја учествуваа на церемонијата, што започна со минута-молчење за загинатите граѓани и војници за време на опсадата.
– Се поклонуваме во знак на сеќавањето на оние кои не се вратиле од војната и оние кои починале од повреди и болести. Руската армија секогаш ќе се сеќава на достигнувањата на нашите татковци и дедовци, нагласи командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Александар Журављев.
ТАСС јави, дека и покрај студеното време, голем број граѓани присуствувале на парадата.
Опсадата на Ленинград започнала на 8 септември 1941 година и траела 872 денови, до 27 јануари 1944 година.