По преговорите меѓу локалните власти и продавачите на кучешко месо, донесена е одлука за затворање на најголемиот пазар на кучешко месо во Јужна Кореја, кој се наоѓа во градот Бусан, пренесе „Кореја Тајмс“.
Новиот урбанистички план за Бусан предвидува подрачјето на некогашниот пазар да се претвори во парк, поради што дојде до преговори меѓу локалните власти и продавачите на кучешко месо.
Продавачите на месо, од нив вкупно 19, се соглсиле да ги затворат своите продавници до 11 јули. Локалните власти како отштета им ветиле паричен износ од дури 2.700 долари, кој би требало да им се исплаќа на месечни рати, во период од една година.
Активисти за права на животните се задоволни со одлуката, но се свесни дека има уште многу такви продавници, кои треба да се затворат.