Светската здравствена oрганизација (СЗО) изрази голема загриженост поради ширењето на коронавирусот од човек на човек надвор од Кина и свика нов состанок на Одборот за вонредни состојби за денеска.
СЗО го повика целиот свет да делува против коронавирусот, од кој се заразени повеќе луѓе отколку од САРС, додека стотици сранци се евакуирани од Вухан, епицентарот на епидемијата.
– Растот на бројот на заразени и фактот дека се пренесува од човек на човек надвор од Кина е загрижувачки. Иако бројот на случаи надвор од Кина е релативно мал, има потенцијал за поголема епидемија – рекол Тедрос Аданом Гебреисус, генерален директор на СЗО, по враќањето од Пекинг.
Тој рекол дека организацијата длабоко жали што ризикот од ширење во претходните извештаи го оценил како умерен наместо висок.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот вчера пораснал за 38, на 170, додека бројот на заразени над 7.736. Од нив 1.239 се во критична состојба, а има уште 12.167 сомнителни случаи.
Од 170 смртни случаи, 162 се во епицентарот на заразата, во провинцијата Хубеи.