САД почнаа да градат две воени бази во регионот на сирискиот град Манбиџ и испраќаат воено засилување во градот, каде што Анкара се заканува дека ќе нападне и ќе ја протера сириската курдска полиција.
Базите се наоѓаат во близина на селото Дадат, северно од Манбиџ, информираат турски медиуми, повикувајќи се на локални доверливи извори.
Двете бази ќе бидат изградени јужно и југоисточно од Дадат, на места кои веќе се користат за набљудување.
САД в недела ќе испратат засилување од 300 војници во Манбиџ, каде се стационирани американските војници заедно со курдските Сили за заштита на народот.
На состанокот на Советот за национална безбедност во Турција под претседателство на Реџеп Тајип Ердоган минатата недела беше кажано дека „терористите треба веднаш да се повлечат од Манбиџ, во спротивно Турција нема да се колеба да презеде иницијатива“.
Силите за заштита на народот и Демократскиот сојуз на Сирија за Сирија се терористички организации поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).