Рускиот Парламент денеска едногласно го потврди предлогот на претседателот Владимир Путин да ја зголеми старосната возраст на која жените ќе одат во пензија за пет, наместо првично предложените осум години. Со тој закон, Русинките правото на пензија ќе го остваруваат со наполнети 60 години.
Долниот дом на Парламентот одобри зголемување на пензиската старост за пет години за двата пола, со што мажите во пензија ќе заминуваат на возраст од 65 години. За да стане закон, неопходен е потпис и од Путин.
Плановите за пензиски реформи во последниве месеци предизвикаа негодување, поттикнувајќи протести низ целата земја.
Околу 43 проценти од руските мажи не се очекува да досживеат 65 години, со оглед на тоа дека податоците на Светска банка од пред две години укажуваат дека просечниот животен век на Русите е 66, а на Русинките 77 години.