Руската православна црква денеска ги осуди луѓето кои одбиваат вакцинација против Ковид-19 како грешници и им порача дека ќе мора да се надоместуваат до крајот на животот, бидејќи Русија се соочува со нов скок на бројот на заразени и смртни случаи.
Црквата ги повика сите свои верници да се вакцинираат, бидејќи денес се регистрирани нови 24.353 нови случаи на Ковид-19, од кои 6.557 во Москва, што го зголеми вкупниот број на лица заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на 5.635.294, објави „Ројтерс“.
Владината работна група за борба против пандемијата соопшти дека 654 лица починале од причини поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 138.579.
Говорејќи на државната телевизија, митрополитот Иларијон, раководител на одделот за надворешни црковни односи во Московската патријаршија, рече дека оние кои одбиваат да бидат вакцинирани, прават грев за кој ќе треба да надоместуваат во текот на својот живот.
„Секој ден сум сведок на ситуации кога луѓе посетуваат свештеник за да признаат дека одбиле да се вакцинираат себеси или своите најблиски и неволно предизвикале нечија смрт“, рече митрополитот.
Тој истакна дека е грев да се мисли само на себе, а не и на другите луѓе.