Полицијата во северниот германски пристанишен град Кил приведе руски државјанин, кој е осомничен дека во Германија прошверцувал околу 12 милиони цигари.
Во соопштение на полицијата се посочува дека 43-годишниот руски шверцер бил приведен при рутинска контрола.
Полицијата го сомничи Русинот дека со своите активности како припадник на криминална шверцерска група, во периодот од 2009 до 2011 година и нанел загуби на германската даночна управа во износ од околу 1,67 милиони евра.