„Ролинг Стоунс“ преземаат понатамошни чекори за да го спречат Доналд Трамп да користи нивна музика на митинзи откако кампањата на претседателот ги игнорираше претходните писма да прекине со ваквата пракса, изјави претставник на бендот и додаде дека ова може да е последен пат Трамп да користи песни на Џегер/Ричардс на своите кампањи.
Во изјава за медиумите во саботата, легендарниот бенд објави дека нивниот правен тим и организацијата за авторски права (БМИ) испратиле уште едно предупредување до кампањата на Трамп дека, доколку претседателот продолжи да ја користи музиката на групата, тој ќе се соочи со тужба.
Многу музичари и групи, меѓу кои Принс, Ријана, Том Пети, „Ролинг Стоунс“, „Паника во диско“ и др. го предупредија Трамп дека не сакаат нивни песни да бидат дел од неговата кампања.