Ерменија претрпе човечки жртви во борбите против Азербејџан, соопштија ерменските власти, кои изразија стравување од обновување на војната меѓу двете земји.
„Во нападот на азербејџанските сили на ерменските позиции има мртви и ранети на ерменска страна“, соопшти Министерството за одбрана додавајќи дека Ереван изгубил контрола и врз две воени позиции.
Министерството изјави дека Ерменија им нанела значителни загуби во работната сила на азербејџанските сили и додаде дека борбите ќе продолжат и дека нивниот интензитет нема да се намалува.
Според Ереван, азербејџанските сили користат артилерија и оружје во разен калибар.
Судирите меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа по неколкунеделна ескалација предизвикувајќи стравувања дека ќе продолжи крвавата војна меѓу двете земји од минатата година за енклавата Нагорно-Карабах. Во тој шестнеделен конфликт есента 2020 година имаше повеќе од 6.500 мртви. Конфликтот заврши со тежок пораз на Ерменија, која мораше да предаде неколку региони околу сепаратистичката енклава Нагорно-Карабах.