Агенти на разузнавачката тајна служба на Венецуела го приведоа шефот на кабинетот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, Роберт Марерo, како и опозицискиот пратеник Серџо Вергара, соопштија денеска од партијата на Гуаидо.
Агентите рано утрово упаднале во становите на Мареро и Вергара во Каракас, напиша Гуаидо на Твитер.